Top Sport

Иван Тричковски ја доби „Златната копачка“ на Кипар

Mакедонскиот фудбалски интернационалец и поранешен репрезентативец Иван Тричковски ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во кипарското првенство во изминатава сезона. Тој постигна 15 гола во дресот на АЕК Ларнака во првенството на Кипар.

„Горд сум на себе и на моето семејство, а оваа награда ја добивам благодарение на соиграчите. Да не беа тие, немаше ни јас да ја добијам оваа награда“, изјави Тричковски.

Иван Тричковски е најдобар странски фудбалер во историјата на АЕК Ларнака и еден од надобрите на сите времиња во првенството на Кипар. Тој ја заврши репрезентативната кароера после Европското првенство, за Македонија одигра 67 меча и постигна седум гола.

Scroll to Top