Top Sport

Чилиќ го растури Медведев за четврт-финале на Ролан Гарос

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ се пласираше во четврт-финалето на Ролан Гарос, откако убедливо го совлада вториот носител на турнирот, Данил Медведев со 3:0 во сетови (6:2, 6:3, 6:2). Тој одигра одличен меч и не му дозволи на ривалот да има ниту една брејк топка во текот на дуелот.

Шампионот на УС Опен од 2014 година делуваше разиграно на теренот, а Медведев нема да загуби многу бодови во трката за првото место на АТП, што значи дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе мора да го освои овој гренслем за да остане на првото место. Русинот лани на Ролан Гарос испадна во четврт-финалето во Париз.

Scroll to Top