Фантастичен натпревар се одигра во Пула, каде што Хајдук со 4:2 ја совлада Истра благодарение на двата гола на македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски, и најави излегување од кризата која трае подолго време.
Хајдук под водство на новиот тренер Зоран Вулиќ имаше одлично прво полувреме и три гола преку Адам Ѓурчо (20. и 25. минута) и Ивановски (36. минута). Истра врати преку панамскиот репрезентативец Х.Л. Родригез, кој постигна фантастичен гол за намалување на 3:1.
Mirko Ivanovski after scoring two goals: “Hajduk is waking up before the derby against Dinamo” pic.twitter.com/56bXCSawHJ
— CroatianFootballNews (@CroatianNews) September 23, 2018
Миерез намали на 2:3, пред Ивановски да го постигне одлучувачкиот гол по одлична асистенција на Ѓурчо. Ивановски имаше шанса да го комплетира хет-трикот во 93. минута, но Груевиќ игра со рака и ја вади топката од гол-линијата за што добива црвен картон. Мијо Цакташ ја погодува пречката од белата точка.
Ова е совршена увертира на „билите“ пред големото дерби против Динамо Загреб.