Вилфред Заха е жалбата на тренерот на Арсенал Унаи Емери во овој преоден рок, меѓутоа цената од 80 милиони евра засега е пречката што ја поставија од Кристал Палас.
Она што е интересно во врска со потенцијалниот трансфер на Заха е изјавата на Алекс Ивоби, кој рекол дека ќе побара трансфер доколку играчот на Кристал Палас дојде на „Емирејтс“. Ивоби смета дека доколку дојде Заха за него ќе нема место во тимот.
„Сакам да играм фудбал, не сакам да седам на клупата. Доколку дојде Заха нема да имам друг избор, ќе мора да заминам“, рекол Ивоби.
Ивоби целтата своја кариера ја минува во Арсенал, а член на првиот тим е од 2015 година. Настапил на 149 натпревари и постигнал 15 гола.