Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ постигна два гола, а српскиот интернационалец Мијат Гаќиновиќ додаде уште еден во саботата, за Ајнтрахт да го победи Баерн со 3:1 и да го освои Купот на Германија.
Ребиќ, иако ја игра својата трета сезона во Бундеслигата, очигледно уште не научил германски, така што Гаќиновиќ му беше неофицијален преведувач во навистина бизарно интервју по крајот на мечот. Секако е време за лекции по германски јазик.
Фото: ЕПА