Top Sport

Изненадување од Лондон: Челси ќе го врати Лампард на клупата?

Челси е во потрага по нов менаџер по разделбата со Грем Потер. Прв фаворит за преземање на клупата „сините“ е поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, но во Лондон имаат и алтернативно решение.

Сопственикот на Челси, Тод Боели, би можел на клупата да ја врати легендата на клубот Френк Лампард и да му понуди договор до крајот на сезоната.
Лампард беше тренер на Челси од јуни 2019 до јануари 2021 година. Се квалификуваше со тимот за Лигата на шампионите и играше во финалето на ФА Купот, но потоа дојде криза и разделба.

Сепак, „сините“ во него видоа потенцијално решение за премостување на кризата и го чекаат одговорот на Нагелсман по завршувањето на сезоната. Лампард е без клуб од 23. јануари кога го напушти Евертон, а синоќа присуствуваше на натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ против Ливерпул на кој Челси ремизираше 0:0.

Во моментов, улогата на в.д. менаџер ја извршува поранешниот помошник на Грем Потер, Шпанецот Бруно Саитор, но како што стојат работите, брзо ќе следи промена.

Scroll to Top