Top Sport

Кимих: Овој тим на Баерн не покажува страст за победа!

Баерн Минхен доживеа неверојатен пораз на „Алијанц арена“ од Фрајбург (1:2) и е елиминиран од Купот на Германија. Баварскиот тим поведе со голот на Упамекано во 19.минута, но Фрајбург брзо израмни со шут од далечина на Хофлер, а во 93.минута беше досуден пенал за гостите што го реализираше Холер за конечен триумф.

Фудбалерот од средниот ред Џошуа Кимих беше бесен по елиминацијата.

„Навистина сум гневен што го загубивме трофејот на ваков начин! Фрајбург навистина немаше никакви шанси на овој натпревар, само еднаш шутнаа од далечина и на крајот постигнаа гол од пенал. Но, тој покажува дека ние сме вниновниците. Фрајбург гореше од желба за победа, а ние мислевме дека сами ќе паднат во Минхен. Затоа повторно ни се случи она што се случува многу често, загубивме откако имавме водството. Овој тим на Баерн покажува премалку страст и премалку емоции“, изјави Кимих.

Scroll to Top