Top Sport

Изненадување во најава, Интер им го краде Погба на ривалите!

Милански Интер ова лето би можел да остане без напаѓачот Лаутаро Мартинез, а парите заработени од трансферот на Аргентинецот, би можеле да се искористат за доведување на Пол Погба, пишува италијански „Тутоспорт“.

Информациите изминатите недели се дека Погба би можел да се врати во редовите на Јувентус или, пак, би можел да ги засили редовите на ПСЖ односно Реал Мадрид.

Сепак, и Интер се вклучува во трката по 27-годишниот фудбалер.

Интер цели 10 години не соработувал со менаџерот Мино Раиола, агентот кој го застапува и Французинот. Последен пат тој посредуваше при доведувањето на Марио Балотели од Манчестер Сити.

Тренерот на „Нероазурите“, Антонио Конте во составот има петмина фудбалери кои настапувале во Премиерлигата, вклучувајќи ја и тројката од Јунајтед (Лукаку, Јанг, Санчез).

„Односите меѓу Интер и Јунајтед се одлични, а Интер парите ќе ги пронајде при продажбата на Икарди, Перишиќ и најверојатно Мартинез. Конте би бил пресреќен ако го доведе Погба, играчот кој веќе го има тренирано во Јувентус“ – пишува „Тутоспорт“.

Scroll to Top