Top Sport

Чилиќ го предупредува Ѓоковиќ: Федерер се уште не е готов, пази се!

Според многумина, српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ би можел најмногу да профитира од паузата во тенисот поради коронакризата затоа што неговиот најголем ривал, Роџер Федерер во август полни 39 години и мали се шансите тој да освои некој голем трофеј до крајот.

Сепак, така не мисли хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ. Тој смета дека Федерер се уште не го кажал последниот збор.

За потсетување, Федерер планираше да се врати на теренот за сезоната на трева, но тениските турнири се откажани.

„Кога се работи за Роџер, тој сигурно на совршен начин ќе ја искористи паузата, како што правел секогаш. Лично сум видел како тој и Надал изгледаат после пауза. Да се потсетиме само колку пати Надал се повредуваше, и секогаш кога ќе се врати, ретко губи“ – смета Чилиќ.

Тој смета дека Федерер не е готов.

„Федерер во текот на кариерата често правеше паузи од 2 или повеќе месеци, но секогаш се враќаше во подобра форма. Не мислам дека е готов, можеби неговата желба за голема титула по паузата ќе биде уште поголема“ – смета хрватскиот тенисер.

Чилиќ кој најголема шанса да стигне до грен слем титула беше во 2014, на УС опен, кога во полуфиналето го совлада токму Федерер.

Scroll to Top