Top Sport

Израелски срам за Јуве, Сити со 10 играчи не успеа да победи во Копенхаген

Лошата игра на Јувентус на стартот на сезоната 2022/23 продолжи со засрамувачки 2:0 пораз на гостувањето кај Макаби Хаифа, со што не само се ризикува „старата дама“ да биде елиминирана во групната фаза, туку ќе се постават и нови прашања околу иднината на Масимилијано Алегри на клупата. Во Копенхаген, пак, по лудото прво полувреме, во кое ВАР имаше главна улога, Копенхаген успеа да извлече 0:0 реми со моќните Манчестер сити.

Ѕвезда на Макаби беше Омар Ацили, кој во 7. минута го шокираше Војчех Шчесни, за во 42. минута со прекрасен гол да ја потврди победата на Макаби, нивна прва во Лигата на шампионите од 2002 година.

Во Копенхаген, со Ерлинг Халанд на клупата, првото полувреме беше одбележано со прекрасниот гол на Родри, кој беше поништен, пеналот за Сити, кој го промаши Ријад Марез, како и црвениот картон за Серхио Гомез, по што тимот на Пеп Гвардиола играше со 10 играчи и не успеа да постигне гол.

Scroll to Top