Од трупот на авионот со кој исчезнаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон, било извлечено едно тело. За сега нема потврда потврда дали е тоа телото на фудбалерот или пилотот.
Трупот на авионот се наоѓа на 67 метри под водата, а екипите работеле во многу тешки временски услови.
Откако операцијата на извлекувањето на телото била успешно завршена, телото било пренесено во Портланд, Англија, каде ќе биде идентификувано и каде ќе се изврши обдукција.
#BREAKING: A body has been recovered from the plane carrying Emiliano Sala and pilot David Ibbotson.
"The body is currently being taken to Portland to be passed into the care of the Dorset Coroner" – Air Accidents Investigation Branch (AAIB) pic.twitter.com/bfLUDuZjyz
— Optus Sport (@OptusSport) February 6, 2019
Спасувачките тимови се обидувале да го подигнат трупот на авионот од морското дно, за да можат да продолжат со потрагата по другото тело, меѓутоа временските услови не им го дозволиле тоа.
Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон исчезнаа на 21 јануари над Ламанш. Авионот „Пајпер Малибу“ го превезувал фудбалерот од Нант во Кардиф, каде требало да им се приклучи на новите соиграчи.