Top Sport

Ја видовте ли „морската“ битка меѓу ултрасите на Венеција и Милан?

Во неделата Милан доминираше со 0:3 победа на гости кај Венеција, во очекуван резултат, но многу поголем интерес на социјалните мрежи предизвика „морската битка“ помеѓу тифозите на двата клуба.

Дел од фанвоите на „росонерите“ решија на стадионот „Пјерлуиџи Пенцо“ да пристигнат со бродче, но наидоа на уште една група навивачи на Венеција. Тогаш почна битката со факли и со чадни бомби во интересна сцена.

Венеција се вратија во Серија А оваа сезона по 19 години во Серија Б, Серија Ц и Серија Д.

Scroll to Top