Поранешниот фудбалер на Хал, Томас Бити (33) е првиот англиски фудбалер во последниве 30 години кој во јавноста соопшти дека е хомосексуалец. Последниот кој тоа го направи далечната 1990 година беше играчот на Њукасл, Вест Хем и Саутемптон, Џастин Фашан.
„Не ни помислував да `се откријам` додека играв, буквално се чувствував дека нешто морам да жртвувам. Или тоа кој сум или спортот кој го сакам. Фудбалот го користев како средство за бегство и во голема мера, ме спасуваше. Друштвото зборуваше дека машкоста е поврзана со сексуалноста, па занимавањето со спорт го доживував како голема контрадикција“ – изјави Бити.
Пред повеќе од 3 месеци, Бити ја прекина кариерата поради страшна повреда на главата на еден меч, па на семејството и на најблиските пријатели и ја кажал вистината за сексуалната определба.
„И понатаму тоа е нешто ново за мене, да бидам искрен. За тоа баш и не се зборува кога сте спортист. Затоа сакав да ја споделам мојата приказна со надеж дека момците во слични ситуации ќе имаат поголема поддршка. Неодамна ова им го раскажав и на моите екс-соиграчи“ – рече Бити.