Top Sport

Јаде шестпати, а спие петпати на ден – мора да има авокадо, без благо и грицки

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо има неверојатни животни навики поради кои и на 36 години се уште е еден од најподготвените фудбалери во светот.

Тој многу внимание обрнува на исхраната, јаде дури 6 пати дневно. Се храни со оброци кои имаат многу протеини, а малку масти.

Има сопствен нутриционист кој му ги одредува калориите.

За појадок јаде шунка, сирење и јогурт, а на тоа додава риба и овошје.

Потоа следи ужина која е составена од пилешко месо и салата, а за ручек обично консумира туна, маслинки, јајца и домати.

Меѓу ручекот и вечерата има две ужини. Во првата авокадо и свежо овошје, а во второто повторно риба и салата.
За вечера јаде квалитетно месо.

Никогаш не јаде благи работи и грицки, а не пие ниту газирани сокови.

Тој не спие 8 часа наеднаш, како повеќето спортисти. Туку во текот на денот петпати по 90 минути се одмора и тоа секогаш во нова постелнина.

Кристијано во куќата има комора за криотерапија и три минути во текот на денот поминува во неа на температура од -160 степени Целзиусови.

Освен тренинзите што ги има со тимот, петпати неделно тренира и во приватната вежбална.

Scroll to Top