Top Sport

„Граѓаните“ не се плашат од „топчии“, за едно полувреме завршено се (видео)

Со два потигнати гола и со една асистенција, белгискиот фудбалер Кевин де Брујне заслужено е прогласен за најдобар фудбалер на мечот Арсенал – Манчестер Сити кој попладнево заврши во полза на гостите.

„Топчиите“ на својот „Емирати“ беа надиграни уште во првото полувреме, па второто беше само рутина за шампионот во Премиерлигата.

Уште во 2 минута, Де Брујне погоди од далечина за 0-1.

На вториот погодок, овојпат на Стерлинг, по успешното додавање од Белгиецот се чекаше до 15 минута, а Де Брујне се чини сите дилеми околу победникот на овој дуел ги разреши во 40 минута кога прецизно биеше од 20-тина метри за 0-3.

По минатонеделниот изненадувачки пораз од Јунајтед, четата на Гвардиола не дозволи ново „растурање бодови“, па сега Сити има 35 бода во Премиерлигата, а во наредното коло игра со Лестер Сити на домашен терен.

Се уште заостатокот на Сити во однос на лидерот Ливерпул е преголем – 14 бода.

Scroll to Top