Top Sport

Јаховиќ со гол против Фенер, Гозтепе извади поен

Гозтепе на македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ успеа да извлече 1:1 реми со големиот Фенербахче, а најзаслужен за тоа беше токму Јаховиќ кој ги донесе во водство аутсајдерите, пред тимот на Витор Переира да израмни во второто полувреме.

Јаховиќ во 40. минута ги донесе домаќините во водство, пред ветеранот Сердар Дурсун да израмни во 48. минута од мечот. Јаховиќ беше во игра до 83. минута од мечот, а во бурниот финиш Фенер остана со играч помалку по вториот жолт картон на Филип Новак.

Со поенот, Фенербахче остануваат на четвртото место на табелата со 24 поени, дури 12 помалку од лидерот  Трабзонспор, додека Гозтепе се на 18. место во зоната за испаѓање со 11 поени, 5 од безбедната зона.

Scroll to Top