Top Sport

Претседателот на Дуделанж го провоцира Милан: Јас навивам за Интер!

Откако тренерот на Ф91 Дуделанж, Дино Топмелер пред дебито на неговиот клуб во Лига Европа против гигантот Милан призна дека секогаш навивал за „росонерите“, претседателот на клубот, Флавио Бека врати дека тој секогаш навивал за градските ривали Интер.

„Да, јас сум Интериста. Исто така бев вклучен со компанијата Торно, која го градеше третото ниво на ’Сан Сиро’“, вели Бека во интервју за „Газета дело спорт“.

Бека исто така признава дека Дуделанж би играле само во Серија Ц доколку би играле во Италија.

„Имаме 11 или 12 фудбалери од Луксембург од вкупните 27 фудбалери. Другите доаѓаат од Белгија, Германија, Франција, Грузија. Го имаме поранешниот дефанзивец на ПСЖ и Лацио, Србинот Милан Бишевац, а прва ѕвезда ни е Холанѓанецот Давид Турпел, кој лани имаше 30 гола и беше трет најдобар стрелец во Европа зад Лео Меси и Килијан Мбапе“, вели Бека.

Претседателот на луксембуршкиот Дуделанж: Не се плашам од смртта, па не од Милан!

Scroll to Top