Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека е можно неговиот тим да направи пресврт и покрај поразот (2:0) во првиот натпревар.
Барселона, во минатото правеле големи пресврти, на пример кога славеше со 6:1 против Пари Сен Жермен, по 0:4 од првиот натпревар.
„Го гледав тој натпревар многу пати, а го гледав и во живо на стадионот. Нејмар е голем дел од моето детство, тој е мој идол и засекогаш ќе бидам благодарен за сè што му даде на фудбалот. Нè инспирираше сите. Луѓето плаќаа билети за да го гледаат Нејмар, а по два или три дена, ги гледаа снимите од натпреварот за да видат што направил и какви движења имал. Сакам да му се заблагодарам за придонесот што го имаше во фудбалот и се надевам дека ќе игра на Светското првенство“, рече Јамал.
Тој додаде дека еден од идоелите му е и кошаркарот Леброн Џејмс, кој во 2016 година со Кливленд направи голем пресврт во финалето на НБА против Голден Стејт и од 0:2 и 1:3 стигна до 4:3 во победи.
„Леброн е исто така еден од оние што ме инспирираат пред утрешниот натпревар. Размислувам како го водеше тимот до пресврт и се надевам дека ќе можам да го направам истото. Но, не сум сам, имаме многу играчи, јас сум само дел од тимот. Важно е сите да веруваме и да размислуваме позитивно, што сме го покажале многу пати. Мора да се бориме за грбот што го носиме и ќе направиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа.“
На крајот, младиот фудбалер рече:
„Важно е да играме како што знаеме, со многу интензитет. Не смееме да мислиме дека пресвртот е чудо. Влегуваме во натпреварот со 2:0, но мора да веруваме во пресвртот“, заклучи Јамал.
Foto/ EPA
