Top Sport

Јан Облак го освои „Трофејот Замора“

Јан Облак од Атлетико Мадрид трет пат во кариерата и трет пат по ред е добитник на „Трофејот Замора“, што му се доделува на голманот што примил најмалку голови во сезоната.

Услов за голманите во Ла Лига да влезат во конкуренција за овој трофеј е да имаат најмалку 28 настапи во сезоната.

Словенецот, во сезоната 2017/2018 настапи на 37 натпревари во Ла Лига и прими само 22 гола.

Облак, претходно, го доби ова признание и во сезоните 2015/2016 и 2016/2017.

Инаку, почнувајќи од сезоната 2012/2013, голманите на Атлетико, не го освоиле „Трофејот Замора“ само во сезоната 2014/2015, кога најмалку голови примил Клаудио Браво од Барселона. Пред Облак и Браво, трофејот одеше во рацете на Тибо Куртоа.

Атлетико Мадрид сезоната во Шпанија ја заврши на втората позиција со 79 бода, 14 помалку од новиот шампион Барселона. „Јорганџиите“, минатата среда го освоија трофејот во Лига Европа.

Scroll to Top