Top Sport

Лотепеги го објави конечниот список на Шпанија

Шпанскиот селектор, Хулен Лопетеги, во понеделникот, го објави конечниот список на играчи што ќе ја преставуваат нацијата на Светското првенство во Русија.

На списокот го нема напаѓачот на Челзи, Алваро Мората и неговиот соиграч Сеск Фабрегас, како и бекот на Арсенл, Хектор Бељерин. Покрај нив отпаднаа и Витоло (Атлетико Мадрид), Асиер Иљараменди (Реал Сосиедад), Марк Бартра (Бетис), Дани Парехо (Валенсија), Хави Мартинез (Баерн Минхен), Маркос Алонсо (Челси)…

Селекторот рекол дека жали што некои играчи не се меѓу оние што ќе патуваат во Русија и нагласил дека имал тешка задача за да избере 23.фудбалери.

Лопетеги бил свесен дека секогаш ќе постојат различни мислења околу оние што играат во репрезентацијата, но дека тој е оној што мора да реши кој ќе го носи дресот на Шпанија.

Списокот на Шпанија за СП во Русија:

Голмани: Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед), Кепа Аризабалага (Атлетик Билабо), Пепе Реина (Наполи)

Одбрана: Даниел Карвахал (Реал), Алваро Одриозола (Реал Сосиедад), Џерард Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал), Начо (Реал), Сезар Аспиликуета (Челси), Џорди Алба (Барселона), Начо Монреал (Арсенал)

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Саул Нигез (Атлетико Мадрид), Андрес Иниеста (Барселона), Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Коке (Атлетико Мадрид), Давид Силва (Мначестер сити), Иско (Реал)

Напад: Марко Асенсио (Реал), Лукас Васкез (Реал), Диего Коста (Атлетико Мадрид), Родриго Морено (Валенсија), Јаго Аспас (Селта Виго).

Шпанија на СП, во првата фаза ќе игра во Б-групата, заедно со Португалија, Мароко и Иран.

Scroll to Top