Top Sport

Јан Облак го продолжи договорот со Атлетико

Јан Облак го продолжил договорот со Атлетико Мадрид, објави претпладнево „Марка“. Еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак, според овој извор, ќе остане во Атлетико Мадрид, уште шест години.

Облак имаше договор до јули 2023 година, а преговорите околу новиот договор траеја неколку месеци. Тој сега има договор до јули 2028 година.

Облак дојде во Атлетико од Бенфика во 2014 година. Досега за Атлетико одиграл 352 натпревари, од кои на 175 не примил гол.

Во сезоната 2020/21 со Атлетико беше шампион на Шпанија.

Scroll to Top