Top Sport

Салихамиџиќ е разочаран од односот на Левандовски

Барселона вчера и официјално го претстави Роберт Левандовски како свое ново засилување. Каталонскиот клуб успеа да го договори трансферот на полскиот напаѓач кој во Барселона пристигна од Баерн за 50.000.000 евра.

Левандовски потпиша тригодишен договор со Барселона со опција за продолжување на уште една сезона. Полјакот реши да го напушти Баерн кога дозна дека клубот е во преговори со Ерлинг Халанд.
Инсистираше на трансфер и на крајот желбата му се оствари.

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ не може да се помири со фактот дека Левендовски го напушти клубот.

Популарниот Брацо изјави дека нема разбирање за ваквото однесување на Полјакот, и дека никогаш во фудбалската кариера не го напуштил клубот на ваков начин.

„Немам ни трошка разбирање за однесувањето на Роберт Левандовски. Додека активно се занимавав со фудбалот, секој потпишан договор го одработував до крај. Да бев на негово место, ќе останев до крајот на договорот, интерно ќе ги решев работите“, рече Салихамиџиќ.

Инаку Левандовски на сличен начин во 2014 година пристигна во Баерн, тогаш како слободен играч ја напушти Борусија Дортмунд.

Scroll to Top