Top Sport

Јанг бојс се извинија на убавата портпаролка на Црвена звезда

Швајцарскиот фудбалски клуб Јанг бојс официјално се извини на портпаролката на Црвена звезда, Татјана Шајковиќ, откако убавата Татјана беше погодена со шише од страна на навивачите на Јанг бојс по крајот на првиот меч (2:2) од баражот за пласман во Лигата на шампионите.

За среќа, Шајковиќ не беше сериозно повредена, но Црвена звезда го пријави случајот до УЕФА, пред да стигне и извинувањето на клубот.

„Жалиме за инцидентот и се извинуваме на вработената во Црвена звезда. Се надеваме дека со помош на видео-снимките ќе се најде виновникот и ќе се изнесе пред правдата“, објавија од клубот.

Scroll to Top