Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за најдобар играч во јануари, во Премиер лигата.
Репрезентативецот на Египет минатиот месец постигнал три гола, „црвените“ забележаа две победи, реми и пораз.
Салах гол постигна против Брајтон, а двоен стрелец бил против Кристал Палас.
Сезонава напаѓачот на Ливерпул ја предводи листата на најдобри стрелци с 16 гола, еден помалку има постигнато Обамејанг, а два Агуеро и Кејн.