Top Sport

Јапонски фанови избркани од стадионот на Лајпциг поради корона вирусот

Скандалозниот викенд во Бундеслигата, кој беше одбележан со протести против газдата на Хофенхајм, Дитмар Хоп, стана уште поскандалозен, откако повеќе јапонски фанови се пожалиле дека биле исфрлени од мечот РБ Лајпциг-Баер Леверкузен во неделата и обвинети дека имаат корона вирус.

Еден навивач успеал да влезе во „Ред бул арената“ без проблем, но објасни дека подоцна бил исфрлен од обезбедувањето на стадионот поради стравување дека има корона вирус

„Поради корона, група гости од Јапонија беа исфрлени од мечот од Бундеслигата по 15 минути од почетокот. На одење дома, обезбедувањето ни кажа: ’Извинете’, но кога си заминувавме другите се радуваа“, напиша друг јапонски навивач.

Според германските медиуми, вака биле испратени околу 20 навивачи, по што следуваше официјално извинување од РБ Лајпциг.

Scroll to Top