На Андриј Јармоленко толку му дојде преку глава од критиките кои ги добива од еден украински новинар, што му понуди да ја разрешат нетрпеливоста во тепачка.
28-годишниот Јармоленко, кој ова лето дојде во Вест хем од Борусија Дортмунд, има 79 настапи за украинската репрезентација, но имаше лош старт на сезоната со два гола и со многу прашања околу неговата форма. Еден од најгласните критичари е ТВ-коментаторот, Владимир Кобелков и на Јармоленко му беше доста.
„Во мојата младост многу се тепав. Победував и губев и тоа е нормално за момче, за маж. Сакам да ја објавам мојата следна тепачка. Не сакам да го слушам Кобелков повеќе. Сакам да го повикам на тепачка и да му се одмаздам за работите кои ги кажа на ТВ. Чекам одговор“, изјави Јармоленко за украинскиот „Екс-спорт“.
Ураинка игра пријателска со Италија и дуел од Лигата на нации против Чешката република, а Јармоленко е во составот.