Top Sport

Мијатовиќ: Нема шанси Мбапе летово да дојде во Реал

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, не верува дека клубот може во летниот преоден рок може да го реализира трансферот на Килијан Мбапе.

„Навивачите би сакале да го видат Мбапе во дресот на Реал, верувам дека еден ден ќе биде реализиран тој трансфер. Мислам дека тоа нема да се случи ова лето, иако никогаш не се знае…Од искуството околу трансферот на Роналдо, знам дека морате да работите напорно со месеци“, порачал Мијатовиќ, со чии гол Реал во 1998 година по пауза од 32 години ја освои Лигата на шампионите.

Тој во периодот од 2006 до 2009 година, во ерата на Рамон Калдерон бил спортски директор на Реал.

Scroll to Top