Капитенот на Барселона Лионел Меси застана во одбрана на своите соиграчи и го нападна неговиот поранешен колега, а сега технички секретар во тимот, Ерик Абидал, кој изјави дека некои фудбалери „едноставно не работат доволно добро“.
Абидал во интервјуто за каталонскиот весник „Спорт“ во вторникот, тврдеше дека фудбалерите биле тие кои не направиле доволно под претходниот тренер Ернесто Валверде.
„Многу фудбалери не беа среќни и не работеа најдобро, а имаше и проблем со внатрешната комуникација. Односите меѓу тренерот и фудбалерите секогаш беа добри, но како поранешен фудбалер чувствував дека нешто не е во ред. Го пренесов тоа на главните луѓе и моравме да донесеме одлука“, изјави Французинот.
Валверде беше отпуштен во јануари по поразот во полуфиналето на Суперкупот од Атлетико Мадрид, и сега на клупата е Кике Сетиен.
Меси не беше импресиониран од ваквите коментари на Абидал, порачувајќи му на поранешниот соиграч или да ги каже имињата на тие кои не работеле или да не ги коментира.
„Искрено не ги сакам ваквите работи, но мислам дека секој треба да биде одговорен за својата работа и да ја прифати одговорноста за своите одлуки. Фудбалерите за тоа што се случува на теренот, и тоа е така, ние секогаш први кажуваме кога не играме добро. Тие кои се задолжени за спортската насока исто така треба да ја прифатат одговорноста. На крај, мислам дека кога зборуваш за фудбалери, треба да кажеш имиња, бидејќи во спротивност ги зацрнуваш сите и ги подгреваш шпекулациите“, напиша Меси.
? Leo Messi on his IG story today: “The players are always the first to recognize when we’re not doing well. Those on the sporting directors side need to be held responsible as well and should assume responsibility for the decisions they make.” ? pic.twitter.com/D5iZOGDcQx
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) February 4, 2020