Top Sport

Јенс Леман со моторна пила провалил во куќата на соседот, отсекол дел од покривот

Поранешниот голман на Арсенал и германската фудбалска репрезентација Јенс Леман има проблеми со законот, откако со моторна пила влегол на имотот на својот сосед и му направил голема штета. Како што пишува „Билд“, Леман во лутина отсекол дел од покривот на својот сосед на езерото Старнберг, каде што има викендица.

Тој дел од покривот наводно му го блокирал погледот од вилата што ја купил за пет милиони евра. Леман решил сам да го реши проблемот и ги отсекол деловите од покривот кои му пречеле. Пред тоа ги пресекол и каблите на надзорните камери, но тие продолжиле да го снимаат. Не знаел дека во нив има батерии за вакви случаи. Соседот го препознал на видеата и повикал полиција.

Инаку, 52-годишниот Леман се повлече од фудбалот пред 11 години, а последен клуб му беше Арсенал. Бранеше и за Борусија Дортмунд, Милан, Шалке, Штутгарт и Есен.

Scroll to Top