Top Sport

Кеирош си заминува од Иран по поразот во полуфиналето (видео)

Португалскиот тренер Карлос Кеирош си замина од позицијата селектор на Иран по речиси осум години по 3:0 поразот од Јапонија во полуфиналето на Азискиот куп во Обединетите Арапски Емирати.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и поранешен помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед, се обидуваше да ја донесе првата азиска титула од 1976 година, но Јапонија со три гола во второто полувреме визираше пат во финалето,  каде што ќе се сретнат со подобриот од дуелот помеѓу домаќинот ОАЕ и Катар.

„Мислам дека наједноставно е да искористам стара песна на Френк Синатра: ’Сега, крајот е тука’. Горд сум што го направив тоа на мој начин“, изјави Кеирош.

Фото: ЕПА

Scroll to Top