Top Sport

Јеро целосно ја напушта шпанската репрезентација

„Преодниот“ селектор на Шпанија, Фернандо Јеро целосно ќе ја напушти фудбалската репрезентација, откако ја одби понудата да се врати на старата позиција на спортски директор.

50-годишната легенда на Реал Мадрид беше повикан како „спасител“ на „Ла роха“ откако Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) реши да го отпушти селекторот Хулен Лопетеги откако се откри дека тој е следниот тренер на Реал. Јеро беше повикан да биде селектор на два дена пред првиот меч на Шпанија, која подоцна беше елиминирана во осминафиналето од Русија по послабото изведување на пеналите.

„Јеро реши да побара нови хоризонти и да преземе нов професионален предизвик. Федерацијата сака да му се заблагодари на професионалната и човечка работа на овој исклучителен спортист и му посакуваме многу среќа во иднина“, се вели во соопштението на РФЕФ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top