Top Sport

Јирген Клинсман ќе биде нов селектор на Јужна Кореја?

Поранешниот селектор на германската фудбалска репрезентација Јирген Клинсман е најсериозен кандидат за преземање на истата функција во тимот на Јужна Кореја, пренесува германскиот спортски магазин „Кикер“.

Преговорите меѓу двете страни веќе се во тек. За Клинсман ова може да биде трета работа како национален селектор по селекциите на Германија и на САД.

Поранешниот селектор на Јужна Кореја, Пауло Бенто, поднесе оставка откако неговата репрезентација беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Последната работа на Јирген Клинсман беше тренер на бундеслигашот Херта до февруари 2020 година.

Scroll to Top