Англискиот премиерлигаш Ливерпул ја следи ситуацијата со Маркус Рашфорд во Манчестер Јунајтед и се надева дека би можеле да го доведат на „Енфилд Роуд“ во летниот преоден рок. Менаџерот Јирген Клоп има одлично мислење за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед кој и не добива голема минутажа кај Ралф Рангник.
Репрезентативецот на Англија има договор со Манчестер Јунајтед до лето 2023 година, а Манчестер Јунајтед има опција автоматски да го продолжи на уште една година. Пред летниот преоден рок сигурно ќе следат разговори меѓу Маркус Рашфорд и првите луѓе на клубот од „Олд Трафорд“, а Ливерпул секако ќе си ја испроба среќата со официјална понуда.
Рашфорд е роден во Манчестер и од мали нозе е навивач на „црвените ѓаволи“, но доколку неговата ситуација во клубот не се промени, тогаш можно е да се реши и за заминување.