Top Sport

Јирген Клоп одговори на предизвикот – конечно научи да врзува вратоврска (видео)

Јирген Клоп го искористи животот во карантин за да научи нова вештина – на 52 години, конечно, научи да врзува вратоврска.

Германскиот тренер обично покрај аут-линијата е во тренерки, така што ова не му претставуваше голем проблем, но тој реши да го искористи слободното време за да научи да врзува „двоен Виндзор јазол“, иако го направи тоа во вториот обид.

Претходно, Клоп во интервју за официјалниот веб-сајт на Ливерпул откри дека се обидува да научи нови работи.

„Нема многу добри работи за кои слушаме во моментов, така што имам време за различни работи. Јас сум одговорен за машината за перење садови, и станав вистински мајстор, и научив да правам омлет“, изјави Клоп.

Scroll to Top