Top Sport

„Амнести интернешнл“ бара да не се дозволи продажбата на Њукасл на Саудијците

Познатата организација за човекови права „Амнести интернешнл“ со писмо до првите луѓе на Премиер лигата бара да „сериозно да се разгледаат“ прекршувањата на човековите права во Саудиска Арабија пред да ја одобрат продажбата на Њукасл јунајтед.

Сопственикот Мајк Ешли се согласи да го продаде клубот од северот на Англија на саудиски конзорциум предводен од принцот Мохамед бин Салман за околу 300 милиони фунти, но договорот треба да биде одобрен од Премиер лигата, која оценува дали сопствениците ги исполнуваат условите.

Директорката на „Амнести“, Кејт Ален прати писмо до извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

„Има сериозни прашања кои треба да се постават пред потврдата на новите сопственици на Њукасл јунајтед, прво да се зачува репутацијата и имиџот на спортот. Ако принцот на Саудиска Арабија стане сопственик на Њукасл јунајтед, дали тоа носи позитивни работи за Премиер лигата? Додека не се даде одговор на сериозните прашања за човековите права во Саудиска Арабија, Премиер лигата се поставува во улога да биде ’марионета’ на тие кои со гламурот на фудбалот ќе ги прикриваат прекршувањата на законите и на човековите права“, се вели во писмото.

Scroll to Top