Пред 18 години, Барселона на Јохан Кројф го доби европското финале на „Вембли“ против Сампдорија, во меч кој според многу фудбалски експерти го смени фудбалот засекогаш.
Во соблекувалната на „Вембли“ пред финалето, фудбалерите на Барса, меѓу кои и младиот Пеп Гвардиола беа супер-нервозни, бидејќи, конечно, требаа да ја отстранат репутацијата на каталонскиот клуб како „вечен втор“. Покојниот Јохан Кројф, кој секогаш бил полн со тактички совети им кажал само: „Излезете и уживајте“.
Пред Кројф да стане тренер на Барса во 1988 година, клубот имаше 10 лигашки титули и нула европски титули во 89-годишната историја. Оттогаш, во 32 години, клубот освои уште 16 шпански круни и пет европски титули.
Неговиот осум години како главен во Каталонија поставија ракма за убав за око напаѓачки фудбал, правејќи тивка револуција во фудбалот, која подоцна ја примени и Пеп Гвардиола, но и шпанските селектори.
Помошникот на Кројф, Карлес Рексач ја опиша 1:0 победата над Сампдорија како „ослободување“.
„Имаше многу луѓе кои едвај чекаа повторно да не успееме. Но, добивме втор живот“, изјави Рексач.
Кројф претходно во 1991 година, конечно, го донесе шпанскиот трофеј во Каталонија по шест години, но европската титула остана „грал“ во Каталонија. Во петте претходни обиди, Барса стигна трипати до полуфиналињата и двапати во финалињата, губејќи на пенали од Стеауа Букурешт во 1986 година.
До европската титула не се стигна лесно. Барселона доминираше со поседот на топката, но одбраната на Сампдорија изддржа до 22. минута во продолжението, кога Роналд Куман од слободен удар ја донесе победата.
„Тоа беше почетокот на големите работи“, изјави Куман минатата година, додека Кројф во својата автобиографија беше краток: „По четири години, мојата мисија беше остварена“.
Но, тоа беше само почеток – под Пеп Гвардиола, тактиката на фудбал со доминација на посед на топката беше усовршена, но Пеп исто така имаше корист од славната „Ла масија“, академијата на Барса, каде што се учеше овој тип на фудбал – Кројф нареди секоја возрасна група од школата да работи со иста тактика.
Оваа филозофија на Кројф се „сруши“ во 1994 кога Милан под Фабио Капело ги победи со 4:0 во финалето на ЛШ, но 13 години подоцна, Гвардиола донесе нов трофеј и доказ дека тактиката е вистинска.