Top Sport

Агентот на Озил најави промена на кариерата: Тој е навистина добар во „Фортнајт“

Проблемите кои Месут Озил ги има во тимот на Фенербахче може да се решат на необичен начин, со промена на спортот и со влегување во е-спортовите, вели неговиот агент Еркут Согут.

Иако Фенер му беше клубот од соништата, поранешниот германски репрезентативец е „замрзнат“ во клубот по конфликтот со управата на клубот и признанието на новиот тренер Жорге Жесус дека не планира на него следната сезона. Но, Согут вели дека по крајот на кариерата како професионален фудбалер, може да има необична промена за 33-годишниот ветеран.

„Мислам дека повеќе ќе се фокусира на е-спортовите, и ќе учествува на турнирите. Навистина е добар во ‘Фортнајт’ и нема да ме изненади еден ден да се натпреварува. Веќе има негов тим ‘М10 Еспортс’ и негови играчи од Германија“, вели Согут во интервју заз „Телеграф“.

Емери: Повредата на Озил не е од видео-игри!

Scroll to Top