Top Sport

Јокановиќ се враќа во Англија – Шефилд го контактирале српскиот тренер

Шефилд јунајтед ги кројат плановите за следната сезона, во која ќе играат во понизок ранг на англискиот фудбал. Шефилд јунајтед се последни во Премиер лигата и за неколку кола официјално ќе бидат промовирани во членови на Чемпионшип дивизијата.

Планот на клубот од „Брамал лејн“ ќе биде експресно да се врати во Премиер лигата. За да ја остварат таа цел, Шефилд имаат намера за тренер да го донесат Славиша Јокановиќ.

Србинот, знае како се изборува пласман во повисок ранг, во минатото тој промоција во Премиер лигата обезбеди со Вотфорд и Фулам.

Јокановиќ во моментов работи во Катар, во Ал Гарафе.

Според англиските медиуми, Шефилд јунајтед биле подготвени на Јокановиќ да му понудата неделна плата од 88.000 евра, што на годишно ниво изнесува 4,7 милиони евра.

Scroll to Top