Top Sport

Јокиќ погоди за продолженија, Дончиќ за победа

Далас Маверикс по едно продолжение ги победија Денвер Нагетс со 124:117. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 109:109.

Денвер не успеаја да победат иако на полувреме имаа водство од 52:43. Далас третиот период го доби со седум поени, се доближи на само два поени негатива.

Во последната четвртина, драмата кулминираше во финишот, Клебер, на три секунди до крајот погоди тројка за предноста на Далас, но Јокиќ возврати со шут за два и избори продолженија.

Во дополнителните минути Далас беа подбар тим на теренот, а со четири поени на Дончиќ го решија победникот.

Лука Дончиќ со 38 поени, 13 асистенции, 9 скока, но и 8 загубени топки го предводеше Далас до четвртата победа, во осмиот натпревар сезонава.

Кај Денвер се истакна Јокиќ со 38 поени и 11 скока.

Scroll to Top