Top Sport

Потврдени преговорите на Бекам со Фил Невил

Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Англија, Фил Невил се согласил да ја предводи Велика Британија на Олимпијадата во Токио, но тоа може да се смени доколку ја прифати понудата од својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам и стане нов тренер на Интер Мајами, потврдија од Фудбалската асоцијација (ФА).

Интер, новакот во МЛС лигата, во четвртокот го отпушти тренерот Диего Алонсо по само 23 натпревари со клубот, додека Невил требаше да си замине по Олимпијадата, која требаше да се оддржи во 2020. Но, шефицата за женски фудбал во ФА, Су Кемпбел признава дека има преговори меѓу поранешните соиграчи.

„Имавме договор со Фил пред да почнат неговите преговори со Интер Мајами. Додека не завршат, не можеме да дадеме конкретен одговор. Самиот ќе донесе одлука за својата долгорочна иднина“, вели Кемпбел.

Невил досега нема тренирано машки тим, освен краткотрајно во Салфорд сити, клуб кој е во сопственост на фудбалерите од генерацијата 1992 на Јунајтед. Една година му беше помошник на Дејвид Мојс во Манчестер јунајтед, а работеше како помшник на неговиот брат Гери и на Нуно Еспирито Санто во Валенсија.

Scroll to Top