Избраниците на Диего Симеоне предмалку ремизираа 0-0 со екипата на Селта која на „Ванда Метрополитано“ дојде со една цел – да не загуби од фаворитот.
Ова е втор натпревар по ред за Атлетико на кој не може да победи, во минатото коло „јорганџиите“ беа поразени од Реал Сосиедад.
Поседот им припадна на домаќините (70-30%), но немаше стопроцентни шанси за гол. Атлетико петпати шутна директно во голот на гостите од Виго, но тие топки завршија во рацете на противничкиот голман.
Со ова реми, мадридскиот клуб има 10 бода на втората позиција на табелата, зад Севилја која има исто толку бодови, но и натпревар помалку.
Со истиот, најнепопуларен резултат, 0-0 заврши и денешниот дуел во Валенсија меѓу Леванте на нашиот Енис Барди и тимот на Еибар.
Барди мечот го проследи од клупата за резерви.