Top Sport

Јуве на „мускули“ ја доби Верона, дебитантски гол за Ремзи (видео)

Торински Јувентус со 2-1 предмалку славеше победа над Верона во четвртото коло од Серија А.

Гостите од „градот на љубовта“ први дојдоа во водство во првото полувреме. Верона доби пенал. Ди Кармине од белата точка погоди статива, на одбиената топка налета играч на гостите и биеше во пречката. Кога домашните фудбалери помислија дека опасноста е расчистена, Португалецот Велосо со ефектен гол од далечина носи 0-1 за својот тим.
Сепак, „Старата дама“ уште во првото полувреме го израмни резултатот. Арон Ремзи во 31 минута со својот гол првенец во новиот клуб носи 1-1.

Во второто полувреме повторно пенал, но овојпат за Јуве. Сигурен реализатор во 49 минута, Кристијано Роналдо за конечни 2-1.
Јувентус од челната позиција во Серија А (има 10 бода) ќе го чека вечерашното „Дерби Дела Мадонина“ меѓу Интер и Милан.

Во рамки за четвртото коло на Серија А, денеска Удинезе доживеа нов пораз, овојпат од Бреша на „Фриули“ со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Ромуло во 57 минута.
Нашиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски во игра влезе во 85 минута, но до промена на резултатот не дојде.
Удинезе по 4 кола има само 1 победа и е во зоната за испаѓање.

Scroll to Top