Top Sport

Јорк во 1999-та барал цела година одмор, Фергусон го „откачил“

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк раскажа пикантерија од односот со поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Алекс Фергусон.

По освојувањето на триплетата во 1999 година (Јунајтед ги освои ПЛ, ЛШ и ФА купот), голгетерот сакал да оди на одмор.
Напаѓачот кој на 52 меча постигна 29 гола одлучил за тоа да го праша Фергусон. Проблемот бил што фудбалерот од Тринидад и Тобаго сакал да биде на одмор цела година.

„Го прашав, што уште треба да се направи по освојување на триплета. Што и да направиме потоа, ќе беше окарактеризирано како неуспех, ако не го повториме резултатот од минатата сезона. Отидов кај Фергусон во канцеларија и го прашав `Што да правиме сега? Дали може да добијам една година одмор, платен? Ќе се вратам по една година и ќе и се придружам на екипа“ – раскажува Јорк за разговорот со Фергусон.

Тој вели дека немал што да загуби.

„Ми рече `тргај ми се`. Ништо друго не ни можеше да ми каже. Повеќе се шегував, но ако ми дадеше дозвола, јас тоа ќе го направев“ – категоричен е Јорк.

Scroll to Top