Top Sport

Јосип Иличиќ потпиша за Марибор

Словенечкиот репрезентативец Јосип Иличиќ се врати дома и потпиша договор со Марибор. Тој на крајот на август се раздели со Аталанта откако помина пет години во клубот од Бергамо. На крајот од престојот тој имаше многу проблеми надвор од теренот и се помалку беше дел од стартниот тим.

Сега Иличиќ се врати во Словенија и потпиша договор со Марибор, својот поранешен клуб до 2025 година. Ќе го носи бројот „72“.

Напаѓачот, кој има 34 години, пред Марибор и Аталанта настапуваше и за Фиорентина и за Палермо.

Scroll to Top