Младинскиот фудбалски репрезентативец и член на македонскиот прволигаш Брегалница, Јован Манев, е пред трансфер во турскиот прволигаш Аданаспор. Одличниот дефанзивец кариерата ќе ја продолжи за тимот за кој настапува Марио Балотели, а тренер ќе му биде Винченцо Монтела.
Манев имаше одлични настапи за Брегалница и за младата селекција до 21 година, а награда за тоа ќе биде трансферот во овој турски прволигаш.
Тој треба да потпише повеќегодишен договор, а Брегалница ќе добие отштета од околу 500.000 евра.