Top Sport

Јовиќ ги убеди Милан да му дадат шанса

Во последните часови од преодниот рок, Милан комплетираше уште еден трансфер, добивајќи го српскиот напаѓач Лука Јовиќ на позајмица од Фиорентина.

Цело лето постоеја шпекулации дека агентите на Јовиќ се „нуделе“ на Милан, но дека „росонерите“ не биле заинтересирани, но откако во последните 24 часа не успеаја да ги договорат Мехди Тареми (Порто), Патсон Дака (Лестер) и Рафа Мир (Севилја), Милан „попуштиле“ и се договориле со Фиорентина.

Јовиќ не беше дел од тимот на Фиорентина во пред-сезоната и не е во плановите на тренерот Винченцо Италијано, иако минатата сезона постигна 13 гола и имаше 5 асисенции во 50 меча.

25-годишниот Србин се обидуваше да ја врати кариерата на вистински пат во Фиренца откако Реал Мадрид платија 63 милиони евра за трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во 2019 година. Лани Реал им го предаде на Фиорентина практично бесплатно, прифаќајќи само да добијат половина од следната продажба.

Scroll to Top