Top Sport

Шерингам: Мурињо се фали со победите, а за поразите ги обвинува фудбалерите

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Тотенхем, Теди Шерингам го нападна Жозе Мурињо, велејќи дека португалскиот тренер сака да ги обвинува другите за поразите, додека за победите сам си ја припишува одговорноста. И покрај ова, Шерингам смета дека Мурињо може да донесе трофеи на Тотенхем.

По ветувачкиот старт на сезоната, Тотенхем паднаа на деветтото место во Премиер лигата, зголемувајќи го притисокот на Мурињо во првата цела сезона во северен Лондон.

„Типично за Жозе, нели? Без да бидам непристоен, ако Тотенхем загуби, тогаш тоа е вината на Тотенхем. Ако Тотенхем победи, тогаш тоа е до Жозе, така функционираат работите во неговиот свет. Има тешка задача во финалето на Карабао купот со Манчестер сити, но верувам дека може да дојде до титула. Тоа мора да се случи за да не се слушаат гласните навивачи на Арсенал. Беа многу добри под Маурисио Почетино, но тој не освои ништо, а кога си професионален фудбалер, сакаш да имаш титули. Жозе е докажан победник, се надевам дека ќе биде така и во Тотенхем“, вели Шерингам.

Scroll to Top