Лука Јовиќ никако да престане да ги „нервира“ првите луѓе на Реал Мадрид, откако српскиот напаѓач на Инстаграм се пофали со скара со своите пријатели, иако Ла лига има објавено протокол по кој е забрането групирање на фудбалерите пред рестартот на лигата следната недела.
Ова е последна во низата на „несреќи“ кои му се случија на Србинот во последните неколку месеци. Прво, дома во Србија му беше „залепена“ кривична пријава откако него почитуваше карантинот по враќањето од Шпанија, туку веднаш отиде на роденденска забава кај новата девојка (со која го очекува второто дете).
Потоа, кога се „слегна прашината“ и тој се врати во Шпанија, лекарите утврдија дека има скршеница на стапалото (на фотографијата е забележливо дека му е имобилизирана), предизвикана од пад додека бил во Белград.
За утеха, на фотографијата барем може да се забележи дека шпекулациите дека тој ставил „повеќе килограми“ не се вистинити и изгледа во топ-форма. Се чека реакција на Реал Мадрид.
He spends more time off the pitch than on it but Jovic knows how to grill that Kobe beef ? pic.twitter.com/svdyRilRIt
— M•A•J (@Ultra_Suristic) June 7, 2020