Top Sport

Мората е во Торино ќе потпише со Јувентус

Алваро Мората денес треба да го стави својот потпис на договорот со Јувентус. Напаѓачот го пропушти последниот тренинг на Атлетико Мадрид, синоќа пристигнал во Торино, а откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе го потпише договорот. Неговиот потпис ќе го отвори трансферот на Луис Суарез од Барселона во Атлетико.

Мората оваа сезона ќе настапува како позајмен играч во Јувентус. „Старата дама“ позајмицата ќе ја чини 10.000.000 евра, а на крајот од сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 45.000.000 евра. Исто така во договорот постои опција и во втората сезона Мората да настапува како позајмен играч за 10.000 евра, а по таа сезона Јувентус да доплати 35.000.000 за откуп на договорот.

Заминувањето на Мората отвори место во Атлетико за Луис Суарез. Уругваецот кој стана вишок во Барселона постигнал договор со клубот од „Ноу Камп“ под кои услови може да замине. Барса ќе му исплатат дел од платата која требаше да ја заработи оваа сезона. Суарез со Атлетико договорил две годишен договор вреден 9.000.000 евра по сезона.

Најголем губитник во целата оваа приказна е Един Џеко од Рома. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе остане во Рим, бидејќи Аркадиуш Милик најверојатно ќе се пресели во Тотенхем, што значи дека Џеко не може да замине во Јувентус.

Алваро Мората доаѓа во Јуветус на барање на тренерот Андреа Пирло. Тие играа заедно во Јувентус во периодот од 2014 до 2016 година. Во овој период Мората одиграл 53 натпревари и постигнал 27 голови. Престојот во Јувентус е најдобриот период во кариерата на шпанскиот напаѓач.

Scroll to Top