Top Sport

Јовиќ се правда: Виновни се тие кои не ми дадоа инструкции што да правам во изолација!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се објави до јавноста преку својот Инстаграм профил по обвинувањата дека не ја почитува потребната 14-дневна изолација во Србија и наместо тоа по пристигнувањето од Шпанија бил забележан како слободно се движи.

Откако против него беше поднесена кривична пријава, фудбалерот тврди дека немал точни инструкции што требала да прави во самоизолација.

„Поради состојбата во светот и во нашата земја, морам да се огласам и да дадам поддршка на мојот народ. Првенствено, многу ми е жал што јас сум главна тема овие денови и што се пишува за мене, а не за вистинските херои, лекарите и медицинските работници. Додека бев во Шпанија бев негативен на корона вирус и решив да дојдам во Србија и да бидам блиску до семејството. Кога пристигнав во Србија, повторно бев тестиран и бев негативен. Жал ми е што некои луѓе непрофесионално си ја завршија работата и не ми дадоа инструкции како да се однесувам во самоизолација. Во Шпанија ми беше дозволено да одам до аптека и до супермаркет, за разлика од тука. Се извинувам на луѓето ако ги загрозив на некој начин и се надевам дека заедно ќе ја пребродиме ситуацијата“, напиша Јовиќ.

Откако се потврди дека против него и против фудбалерот на Асколи, Никола Нинковиќ се поднесе кривична пријава со свој став се јави и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Најлесно е да се казнува. Сигурен сум дека двете момчиња, кои се споменуваат, се каат за својот избор. Не треба да се ижживуваме над нив, но законот важи и за милионерите. Ќе има казни за сите“, вели Вучиќ.

 

Не бил во самоизолација, Јовиќ се соочува со затворска казна

Scroll to Top